Кирацовски: Не знам кој е Кики, додека Коки веројатно е Боки 13

Пратеникот на владејачката партија СДСМ, Александар Кирацовски, во интервју за А1он, зборувајќи за актуелниот случај „Рекет“, изјави дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, за кој пишуваше новинарот Героски.

Во истото интервју, Кирацовски рече дека зад псевдонимот Коки веројатно се крие Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

– Коки? Па, веројатно Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро таму има испишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам – вели Кирацовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот