Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19

Министерството за здравство на Кипар воведува највисоки цени за тестовите за Ковид-19, односно молекуларните (ПЦР) не смеат да бидат над 55 евра, а плафонот за брзите тестови е 25 евра.

Одлуката стапува во сила од денеска, а во цената не е вклучен ДДВ.

Од Министерството потенцираат дека тестирањата со брзите тестовите ги вршат само здравствени работници, а процесот на земање примероци е опасен и дека „брзите тестови не се наменети за самотестирање“.

Додаваат дека позитивните резултати од брзите тестови се проверуваат со молекуларен метод пред да бидат вклучени во потврдени случаи на Ковид-19.

Плафон за цените на тестовите ќе воведе и Грција, како што беше соопштено минатата седмица, со цел да се спречи профитерство.

Во Грција цените се пониски отколку на Кипар, па молекуларниот ПЦР тест не смее да биде поскап од 40, а највисоката цена за брзиот тест е 10 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот