Кипар ја намалува валидноста на потврдата за прележан ковид-19 на три месеци

Кипар ковид-19 коронавирус
Хавански синдром/ Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Од 180 на 90 дена се намалува потврдата за прележан ковид-19 за граѓаните на Кипар, а одлуката на Владата стапува во сила на 31 јануари 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека независно од тоа кога е извадена потврдата, важноста ќе биде до 90 дена по првиот позитивен резултат и ќе важи за внатрешноста на земјата.

На самата потврда и понатаму ќе пишува дека е валидна 180 дена согласно европските правила, но шесте месеци ќе бидат само за патување вон границите на Кипар и согласно условите и ограничувањата на другите земји.

Потврдата за прележан ковид-19 и во Грција важи три месеци, откако на почетокот на декември минатата година, со одлука на Владата, валидноста беше намалена од 180 на 90 дена.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот