Кипар е подготвен за дијалог со Турција, но не под закана

Кипар е подготвен да почне дијалог со Турција со цел да се надминат разликите, но не под закани, изјави денеска претседателот на овој медитерански остров, Никос Анастасиадес.

По состанокот со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во Никозија, Анастасиадес кажа дека Турција продолжува со провокациите во источниот дел на Средоземното море, откако до 12 октомври ја продолжи работата на својот брод за бушење гас во спорните води на Медитеранот, покрај кипарскиот брег.

Кипарскиот претседател додаде дека Европската унија не треба да се одрекнува од воведување поостри санкции со цел Турција да се откаже од „незаконската” потрага по јаглеводороди во источниот Медитеран, што ги зголеми тензиите.

-Се додека се преземаат незаконски активности против земја-членка на Европската унија, реакцијата на Европската унија мора да биде непосредна, заклучи Анастасиадес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот