Кинезите го кршат законот? Во странство префрлени 50 милијарди долари во криптовалути

Криптовалути Биткоин/ Фото: Архива на Слободен Печат

Од Кина во текот на последните 12 месеци „се извлечени“ 50 милијарди долари во криптовалути, а тоа е спротивно од правилата во Пекинг: Кинеските инвеститори извлекуваат повеќе пари од својата земја од тоа што е дозволено.

Според тамошните закони, тие во финансиските институции годишно можат да купат странски валути до 50.000 долари. Од порано, Кинезите тие пари ги добиваа, на пример, преку некретинини, но владата на Кина во изминатата година им го отежна изнесувањето на капиталот од земјата.

Во извештајот на „Chainalysis“ пишува дека „криптовалутите помалку се провлекуваат под радар“.
Понатаму пишува и дека „во последните 12 месеци, во однос на тоа дека кинеската економија претрпе удар поради трговските војни и девалвацијата на јуанот, видовме како криптовалути во вредност од над 50 милијарди долари, се префрлуваат од адреса на кинески компании на странски адреси“.
Во овој извештај стои и дека за префрлување на овие пари претежно се користи контроверзниот „stablecoin tether“, односно дигитална валута дигитална валута која најверојатно ќе биде поддржана од некое друго средство или група на хартии од вредност, со цел да се стабилизира нејзината вредност.

Tether тврди дека е врзан за американскиот долар. Оваа криптовалута е погодна за пренос на големи суми на пари, бидејќи вредноста на криптовалутата која никој не сака да ја префрли – не би тебало да биде изложена на голема волатилност.

Од кога кинескиот претседател, Си Џинпинг, кон крајот на октомври, ја поддржа блокчејн технологијата, Кинезите почнаа да имаат поголема доверба во криптовалутите, а потоа се огласи и Народната банка на Кина, истакнувајќи дека развива сопствена криптовалута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот