Кината во Кина повторно отворени, билетите 70 отсто поевтини

Profimedia
Фото: Профимедиа

Десет големи кинески мултиплекси започнаа заедничка онлајн промотивна кампања со која повторно сакаат да ги привлечат кинеските жители да одат во кино.

„Перфект волрд пикчрс“, „Џинџи синемас“ и „Бона глим груп“ се само некои од големите кинески мултиплекси кои преку заедничка промотивна кампања за намалување на цените на влезниците сакаат да ги поттикнат Кинезите повторно да гледаат филмови на големото платно. Билетите ќе бидат поевтини за дури 70 отсто.

Моментално во кинексите кина се прикажуваат речиси 400 различни филмови, а продажбата на билетите полека се зголемува по многу лошите резултати во февруари оваа година, со само околу 500 милиони долари приходи, што е пад за дури 85 отсто во однос на февруари претходната година, пишува „Сибиз“.

Бидејќи во Кина пандемијата на коронавирусот е под контрола, многу индустрии сакаат да ја повратат претходната доверба кај своите конзументи, а настојуваат да ги привлечат со нови промотивни содржини.

За време на овогодинешните празници кои Кинезите беа приморани да ги поминат дома поради коронавирусот, многу премиери на фикмовите беа одложени или потполно откажани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот