Кина за прв пат во историја има повеќе милионери од САД

Кина ги надминува САД за прв пат во историјата оваа година по бројот на најбогати луѓе во однос на достапните ресурси. Во моментов Кина има околу 100 милиони луѓе во горната, најбогата граница, додека во САД има 99 милиони.

Центарот за истражување на Швајцарската банка Кредит Свис соопшти дека бројот на милионери во светот се зголемил за 1,1 милиони во првите шест месеци од 2019 година и сега е близу 47 милиони. Скоро еден процент од сите возрасни граѓани во светот имаат повеќе од еден милион долари и вкупно 44% од светското богатство.

Во истражувањето се наведува дека вкупното глобално богатство се зголемило за 2,6% од 2018 година на околу 360 трилиони долари.

Во однос на богатството по возрасен граѓанин, Швајцарија е на првото место по годишен раст (со околу 18,000 американски долари по индивидуа), а потоа следат САД (околу 12,000 американски долари), Јапонија и Холандија (со околу 9.200).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот