Кина тврди дека е подготвена да соработува со ЕУ

Ванг Ји / Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кина е подготвена да соработува со Европска Унија во име на слободната трговија и мултилатералниот пристап во меѓународните односи, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на неговата посета на Шпанија.

Тој истакна и дека Кина и ЕУ можат да работат заедно за фер и уреден мултилатерален свет, како и за инклузивна економска глобализација.

Ванг посочи дека Кина ја прифаќа ЕУ како „важна сила во мултиполарниот модел“ и ја поддржува европската интеграција, развојот и проширувањето на Унијата, како и нејзината стратешка автономија.

– Сè додека Кина и ЕУ ја зајакнуваат солидарноста и соработката, нема да има конфронтација, наведе Ванг на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Ванг се сретна и со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес и со кралот на Шпанија Фелипе Шести.

Кинескиот министер посочи дека Пекинг е подготвен да одржува размена на високо ниво со Шпанија и да ја продлабочи заемно корисната соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот