Кина останува најголемиот светски бродоградител во 2022 година

Кинески воени бродови EPA-EFE/BIANCA DEMARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Секторот за бродоградба во Кина продолжува да биде светски лидер според статистичките податоци од крајот на 2022 година со најголем удел на пазарот во однос на производството и нарачките, покажуваат официјалните податоци, објави Радио Кина, пренесува „24Часа бг“.

Производството на бродови во земјата, минатата година достигна 37,86 милиони тони мртва тежина, што претставува 47,3 отсто од вкупната светска индустрија. Ова го покажа кинеската асоцијација на националната бродоградба индустрија.

Новите нарачки, уште еден клучен показател за бродоградежната индустрија, се очекува да достигнат 45,52 милиони двт во 2022 година, со глобален пазарен удел од 55,2 проценти.

Здруженијата објавија и дека шест кинески бродоградежни претпријатија се рангирани во првите 10 во светот во однос на горенаведените показатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот