Кина ја осуди Франција поради усвојувањето на резолуцијата за геноцидот на Ујгурите

Кина ја осуди резолуцијата на францускиот парламент со која се обвинува официјален Пекинг за геноцид врз ујгурското муслиманско население, потег што ги затегна односите на Пекинг и Парзи на две недели пред почетокот на Зимските олимписки игри.

Резолуцијата ги повтори критиките на западните земји кои го осудуваат Пекинг за сместување на околу милион Ујгури во логори за принудна работа, нарекувајќи го „насилството извршено врз Ујгурите од страна на Народна Република Кина како злосторство против човештвото и геноцид“.

Француското национално собрание им се придружи на Канада, Холандија, Велика Британија и Белгија, каде пратениците усвоија сличен документ. Владата на САД официјално ја обвини Кина за геноцид во западен Ксинџијанг.

Кина ги отфрла ваквите обвинувања жестоко критикувајќи ги француските пратеници.

„Резолуцијата на француското Национално собрание за Ксинџијанг ги игнорира фактите и правното знаење и грубо се меша во внатрешните работи на Кина“, оцени портпаролот кинеското Министерство за надворешни работи

Францускиот предлог го дадоа опозициските социјалисти во Долниот дом на парламентот, но беше поддржан и од партијата Република во движење (LREM) на претседателот Емануел Макрон.

Вчера беше усвоена необврзувачка резолуција на француското Национално собрание со 169 гласа „за“ и само еден „против“. Ја повикува француската влада да ги преземе „неопходните мерки во рамките на меѓународната заедница и во нејзината надворешна политика кон Народна Република Кина“ за заштита на малцинската група во регионот Ксинџијанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот