Кина и Русија постигнаа договор со Хутите за ненапаѓање на нивни бродови во Црвеното Море

Брод плови кон Црвено Море додека ескалираат нападите од Хутите/ Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM

Јеменската бунтовничка група Хути денеска им објави на Кина и Русија дека нивните бродови можат да пловат низ Црвеното Море и Аденскиот Залив и дека нема да бидат нападнати, објави Блумберг цитирајќи неколку извори со знаење за ова прашање.

Кина и Русија постигнаа договор откако нивните дипломати во Оман разговараа со Мохамед Абдел Салам, една од водечките политички фигури на Хутите, рекоа изворите, кои побараа да останат анонимни.

Во замена за ненапаѓање на бродовите, двете земји би можеле да обезбедат политичка поддршка на Хутите во тела како што е Советот за безбедност на Обединетите нации, велат изворите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот