Ким со нова порака до својот руски колега: Се надевам дека Русија ќе победи над „хегемонијата на империјалистите“

Ким и Путин фото EPA-EFE/

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати телеграма до неговиот руски колега Владимир Путин, во која изрази надеж за победа на рускиот народ во борбата против „хегемонијата на империјалистите“.

Ким во телеграма, по повод 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, рече дека односите со Русија ќе продолжат постепено да се развиваат до ново ниво, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.

– Многу сум задоволен од фактот што неодамна бев во официјална посета на Русија и разменив искрени мислења со другарот Путин за развојот на пријателските односи меѓу Северна Кореја и Русија, рече Ким.

Тој му посака на Путин добро здравје и успех, со надеж дека „рускиот народ секогаш ќе излезе како победник во борбата против упорната хегемонистичка политика на империјалистите“. Тој изјави дека се надева оти Русија ќе ги одбрани суверенитетот, достоинството, безбедноста и мирот на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот