Ким Кардашијан мора да плати казна од милион долари за рекламирање на криптовалута

ким кардашијан скимс фенди
Фото: Принтскрин / Instagram

Американската ријалити ѕвезда се договори со американската Комисија за хартии од вредност да плати 1,26 милиони долари казни за промовирање на криптовалутата Етериум на Инстаграм минатата година и необјавување дека е платена за тоа.

И покрај фактот што реалити ѕвездата и претприемач не сакаше да ја признае вината, таа се согласи да не промовира криптовалути во следните три години.

Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,8 милијарди долари, ја рекламираше криптовалутата Етериум на нејзиниот профил на Инстаграм во јуни 2021 година и изјави дека тоа е маркетинг промоција.

Цената на криптовалутата подоцна скокна за 632 отсто по поддршката што ја доби од неа и од други познати личности, како што се боксерот Флојд Мејведер и кошаркарот Пол Пирс. Сепак, вредноста на Етериумот опадна по некое време и многу сопственици останаа со безвредни криптомонети.

Иако Кардашијан тврдеше дека тоа е реклама, тоа не беше доволно за регулаторите, кои рекоа дека таа мора да им каже на своите следбеници точно колку е платена за промоцијата.

Шефот на комисијата, Гери Генслер, објави и видео на Јутјуб во кое објаснува зошто е важно за федералната агенција доколку познатите личности промовираат криптовалути и други хартии од вредност.

„Законот е јасен. Секое лице кое промовира криптовалути мора да ја открие природата, изворот и износот на компензацијата добиена во замена за рекламирање. Инвеститорите треба да знаат дали промоцијата е пристрасна или не“, потенцираат од Комисијата за хартии од вредност.

За огласот на Кардашијан и биле платени 250.000 долари, кои ќе треба да ги врати со дополнителни 10.000 долари камата. Згора на тоа, милион долари е парична казна што треба да ја одврати од вакви идни деловни потфати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот