Ким Џонг Ун пречекан со леб и сол во Русија (ВИДЕО)

Неколку руски официјални лица го пречекаа севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун на станицата во Хасан. Ким во Русија пристигна со блиндиран воз.

Северно корејскиот лидер во Русија бил пречекан со цвеќе и со леб и сол како што е традиција во најголемата држава во светот.

„Ме радува посетата на Русија“ рекол Ким кога излегол од возот, а бил пречекан од министерот Александар Козлов, пренесуваат српските медиуми.

Министерот Козлов изјавил дека се надева оти оваа посета на Ким ќе остане драг спомен, а на тоа севернокорејскиот лидер додал дека оваа е само прв чекор, и дека тој повторно ќе ја посети Русија.

Ким Џонг Ун го продолжил својот пат кон Владивосток каде се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе разговараат за неколку клучни прашања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот