Киев: Ракети ја оштетија туристичката инфраструктура во Одеса

Фото: МИА

Украина соопшти за нов ракетен напад врз крајбрежниот регион Одеса на Црното Море, во кој е предизвикана штета на туристички објекти.

Регионалната воена управа на Одеса соопшти дека „во ракетните воздушни напади врз регионот Одеса оштетени се објекти на туристичката инфраструктура, уништени се згради и дека предизвикале избувнување пожар”.

Украински извори наведуваат дека Русија продолжила со воздушни ракетни напади врз веќе тешко оштетениот мост на устието на Днестар јужно од Одеса, при што две лица се повредени, пренесува „Известија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот