Киев: Под контрола ситуацијата со пожарите близу централата Чернобил

Чернобил/Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Состојбата со пожарите во неактивната зона на нуклеарната централа Чернобил е стабилизирана, соопшти денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

– Од различни страни пристигнуваат информации дека пожарот наводно се шири на 10 хектари, рече Денисенко.

Тој додаде дека пред две недели навистина имало пожари, но дека се изгаснати и дека сега може да се каже дека нема големи пожари.

– Ситуацијата со пожарите во Чернобил е стабилна и под контрола. Тој уште дополни дека нивото на радијација во Киев и во регионот е нормално.

Претходно, украинското Министерство за заштита на животната средина и природни ресурси пријави пожари во шуми и напуштени села во близина на нуклеарната централа во Чернобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот