КФОР бара од Курти да избегнува еднострани дејствија

војници КФОР EPA-EFE/STRINGER

Командантот на КФОР, турскиот генерал Озкан Улуташ на средбата со косовскиот премиер Албин Курти истакна дека „треба да се избегнат еднострани дејствија што би можеле да ја влошат ситуацијата и да се одржува соодветна координација меѓу сите заинтересирани страни“ соопшти синоќа КФОР.

Средбата меѓу Улаташ и Курти е одржана по неодамнешните акции на косовската полиција, кои доведоа до затворање на шест филијали на Поштенска Штедилница на северот на Косово.

„Тој, исто така, ја повтори непоколебливата посветеност на целиот персонал на КФОР да продолжи со спроведувањето на долгогодишниот мандат на мисијата на ОН за безбедна средина за сите луѓе кои живеат на Косово и слобода на движење. Ја повтори целосната поддршка на НАТО за дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ како единствен начин за решавање на отворените прашања за доброто на сите заедници“, се наведува во соопштението.

Командантот на КФОР, како што се наведува во соопштението, јасно ставил до знаење дека „улогата на КФОР е се уште суштинска за регионалната стабилност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот