Кевин де Брујне најдобар играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне и избран за најдобар фудбалер во изминатата сезона во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија (ПФА).

Белгискиот репрезентативец стана првиот фудбалер на Манчестер сити кој ја освоил наградата во изборот на ПФА, откако минатата сезона постигна 13 гола и го израмни рекордот на Премиер лигата со 20 асистенции.

Претходните две сезони ова признание одеше во рацете на играчите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, но „црвените“ не успеаја да направат хет-трик иако ја освоија титулата во Премиер лигата по пауза од 30 години.

Покрај најдобриот играч, ПФА го избра и најдобриот тим на сезоната, а него го сочинуваат: Ник Поуп (Ипсвич), Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Чаглар Сојунџу (Лестер), Енди Робертсон (Ливерпул), Давид Силва (Манчестер сити), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер сити), Џејми Варди (Лестер), Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал), Садио Мане (Ливерпул).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот