Кејт Мидлтон бледа и испиена по скандалот во кралството (ФОТО)

На фотографијата која ја уловија папараците се гледа дека таа е исцрпена и нервозна.

Војвотката од Кембриџ Kејт Мидлтон вчера наполни 38 години, но роденденот остана во сенка поради скандалот откако Меган Маркл и принцот Хари одлучија да се откажат од кралските должности.

Кејт синоќа со автомобилот пристигна во дворецот со синот Луис, а на фотографијата која ја уловија папараците се гледа дека е исцрпена и нервозна. Со неа не беше сопругот, принцот Вилијам.

Војвотката го помина денот со семејството, а по скандалот кој ја потресе Велика Британија, но и целиот свет, не можеше свечено да го прослави роденденот како што претходно планираше.

На официјалната Инстаграм страна Кенсингтонската палата сепак објави фотографија со намеаната Кејт. Во описот им се збалагодарија на сите кои испратија честитки за нејзиниот роденден.

– И посакуваме среќен роденден на војвотката од Кембриџ – коментираа и Меган и Хари од нивниот службен профил на Инстаграм. Странските портали ова го нарекоа „прекин на молкот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот