Ќе ви застане крвта во вените! Првиот македонски хорор-спот, снимен според вистинска приказна! (ВИДЕО) (+18)

Фото: Принтскрин

Новиот електро состав „Шафран“ ја издаде својата трета песна под наслов “Дафино” која има модерен призвук и мешавина од електронски етно звук.

За музиката се погрижи Тони Стевковски, а за текстот е задолжен Кирил Трајковски. Ова е трета песна на „Шафран“ а наскоро се очекува да презентираат нови нумери за комплетирање на првиот албум.

Оваа песна има и видео запис во режија на Исток Чаповски и продукција на Марјан Тасевски.

Спотот и самата песна која е авторска и не е препеана, се инспирирани од вистински настан кој се случил пред многу години во едно далечно село близу општина Чашка. Станува збор за селото Ореше.

Имено тамошните жители и ден денес кажуваат дека понекогаш невестата знае да се појави по сокаците и селските чешми како дух.

Главната улога во спотот ја толкува Росица Кулакова а за вокалот се погрижи Христина Пецовска.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот