Ќе се регулира пристапот до Монт Блан

Мон Блан/ Фото EPA-EFE/VALENTIN FLAURAUD

Планинарите кои ќе сакаат да се искачат на највисокиот врв во Европа, Монт Блан во иднина не ќе можат да пристап до патеката што води до него, доколку немаат резервирано престој во едно од попатните одморалишта.

Ваквата одлука ја донесе префектот на Горна Савоа, Пјер Ламберт, со цел да се избегнат пренатрупаноста на одморалиштата, безбедносните проблеми, а понекогаш и антисоцијалното однесување и прекршување на јавниот ред.

Искачувањето од врвот по вообичаената патека за огромно мнозинство на планинарите, подразбира најмалку едно преноќување во некое од одморалиштата, што често предизвикува проблеми поради нивната преполнетост.

Ламберт нагласи дека пренатрупаноста во објектите за сместување, води до безбедносни и здравствени ризици, посочувајќи на неколкуте инциденти со физички закани кон чуварите на одморалиштата.

Новата мерка стапува во сила од утре и ќе важи до 29 септември, односно во периодот на екот на сезоната на искачување на Монт Блан.

Ламберт информира дека за ноќевање надвор од одморалиштата, односно за кампување во заштитената зона предвидена се две години затвор и парична казна од 300.000 евра. Спротивставување на лицата одговорни за спроведување на оваа одлука ќе се казнува со до две години затвор и 30.000 евра парична казна за поединци и до три години затвор и 45.000 евра за учесници во насилна група.

Монт Блан годишно привлекува по околу 25.000 планинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот