Казахстанската влада забрани неограничен престој на Руси во нивната земја

Казахстан - Русија знаме/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Од 26 јануари властите на Казахстан повеќе нема да дозволуваат неограничен престој на руските граѓани и најавуваат воведување на т.н. визните контроли на секои три месеци, пропишано е со новата директива на казахстанската влада.

Од 26 јануари граѓаните на Русија и граѓаните на другите земји-членки на Евроазиската економска унија ќе треба да ја напуштат територијата на Казахстан најмалку 90 дена по истекот на дозволениот тримесечен престој.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан, кое ја предложи оваа промена, соопшти дека спроведувањето на оваа мерка ќе и овозможи на земјата поголем степен на контрола врз имиграцијата.

Десетици илјади Руси пристигнаа во Казахстан минатата година поради конфликтот во Украина.

Властите во Казахстан соопштија дека невообичаено големиот прилив на руски граѓани придонесува за инфлацијата, која минатата година достигна 20 отсто, што е највисока од 1990-те

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот