Кавадарци одбележува 104 години од раѓањето на Габерот

 На денешен ден во 1916 година во Ваташа бил роден Димката Ангелов Габерот, една од најпопуларните личности во поновата историја на народот од Тиквешкиот крај, потсети денеска историчарот Петре Камчевски.
-Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Прилеп и Неготин Краина, каде се стекнал со диплома на учител. Во 1936 година со само 20 години, на јавен митинг во Кавадарци, смело му се спротивставил на министерот за народно здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ, за експлоататорската и денационализаторската политика на неговата влада врз македонското население, рече Камчевски.
Поради своите прогресивни идеи,  бил на неколку пати апсен од тогашната полиција.
-Како учител работел во селата Дабниште и Радња. Имал дарба за музика, бил спортист, а имал и актерски способности. Станал член на Воениот и Месниот комитет на Кавадарци во 1941 и 1942 година и бил еден од организаторите на востанието и на народот од Тиквешијата. Во април 1943 година бил избран за политички комесар на штабот на Третата оперативна зона, а кога на 14 мај 1943 година бил формиран одредот “Добри Даскалов”, Димката бил назначен за негов политички комесар. Загинал храбро во заседа што ја поставила бугарската војска на 10 јуни 1943 година. Со него загинале и Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев. И денес е голема енигма зошто Димката не беше прогласен за народен херој, нагласи Камчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот