Кавадарчани не му дозволија на шампионот да биде лидер!

mztskopjeaerodrom.mk

Во последниот натпревар од викенд програмата на осмото првенствено коло, екипата на Еуро Никел 2005 го надигра МЗТ Скопје Аеродром (92:78).

Доволно за една неверојатна ситуација на табелата во Првата лига која вели дека по осум кола дури четири екипи, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар и Еуро Никел 2005 се на ист ефект, шест победи и два порази.

Каплановиќ во победничките редови финишираше со двоен ефект од 27.поени (10/11 од поле) и 12. скока, му се придружи, во второто полувреме Марзет со 26. поени.

Кај МЗТ Скопје петмина со двоен број на поени, најмногу 18, дојдоа од репрезентативецот Бојан Крстевски.

Инаку, осмото коло од Првата лига ќе биде заокружено во среда, кога својот меѓусебен дуел ќе го одиграат екипите нз МЗТ Скопје Унибанка и битолски Пелистер.

РЕЗУЛТАТИ

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром 92:78

Гостивар – Куманово 2009 72:85

Кожув – Академија ФМП 87:78

Вардар – Работнички 55:103

Пелистер – МЗТ Скопје Унибанка (4. декември)

ТАБЕЛА: Кожув 14, Гостивар 14, МЗТ Скопе Аеродром 14, Еуро Никел 2005 14, Работнички 13, Куманово 2009 13, Академија ФМП 10, Пелистер 9 (-1), Вардар 9, МЗТ Унибанка 7 (-1)

ИДНО КОЛО (07.12)

Куманово – Еуро Никел 2005

Пелистер – Гостивар

Академија ФМП – МЗТ Скопје Унибанка

Работнички – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот