Каталонските сепаратистички политичари се ослободени од затвор

Фото: EPA-EFE/Susanna Saez

Каталонските сепаратистички политичари обвинети за обид за отцепување на Каталонија, кои беа помилувани од шпанскиот премиер Педро Санчез, денеска беа ослободени од затвор.

Санчез претходно ги помилува сите девет лидери на каталонските сепаратисти уапсени за нивната улога во организирањето на референдумот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Со помилувањата укинати се преостанатите години затворски казни за лидерите, но забраната за вршење јавни функции останува во сила.

Дванаесет сепаратистички каталонски лидери беа осудени за бунт и други дела против уставниот поредок, од кои деветмина добија повеќегодишни затворски казни за организирање на забранет референдум за независност на Каталонија и прогласување отцепување во октомври 2017 година. Тројца беа осудени на парични казни.

Поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас, кој доби најтешка казна од 13 години затвор во 2019 година за бунт и злоупотреба на јавни средства, ќе биде ослободен заедно со неговите соработници откако помина три и пол години во затвор.

Санчез во понеделникот  во Барселона го најави помилувањето на каталонските сепаратисти, истакнувајќи дека е потребно „помирување” во Каталонија, каде општеството е длабоко поделено помеѓу приврзаниците и противниците на независноста по кризата од 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот