Каспаров: Компјутерите нема да ја заменат човековата креативност – Слободен печат
ВестиПланета

Каспаров: Компјутерите нема да ја заменат човековата креативност

Каспаров наведе дека изгубил партија од компјутерот „Дип Блу" во 1997 година откако „направил повеќе грешки".

Легендарниот првак на светот во шах Гари Каспаров, на меѓународниот форум на Мајкрософт „Светла иднина на луѓето + машините” во Атина, изјави дека машините нема да ја заменат човековата креативност.

Каспаров наведе дека изгубил партија од компјутерот „Дип Блу” во 1997 година откако „направил повеќе грешки”.

– „Дип Блу” не беше некоја извонредна машина; напротив, едноставно не ја повторуваше истата тактика кога играше шах, истакна Каспаров, додавајќи дека не би требало да постои дилема „човекот или машината”.

Тој потенцира дека кога интуицијата и искуството на човекот соработуваат со аналитичките моќи и брзината на компјутерите, тогаш може да се постигнат многу работи.

– Машините нема да ја заменат човековата креативност ниту емоционалната чувствителност, но можат да ни помогнат да истражиме нови хоризонти кои не можеме ниту да ги замислиме, посочи Каспаров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close