Карпош се ослободува од глувците, започна есенската дератизација

Фото: Општина Карпош

Општина Карпош денеска ја започна есенската дератизација, која редовно се спроведува секоја година и се очекува да трае речиси до крајот на оваа календарска година. Целта е, како што велат од Карпош, уништување на штетните глодари и инсекти, но и како превенција од заразни болести.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти. Претходно, Општината спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и детски градинки на својата територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот