Карантинот во „Лајка“ помина, за 20 дена стерилизирани 85 бездомни кучиња

По појавата на првиот случај на вирусот дистемер кај куче во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ кон крајот на минатата година, беше воведен 30-дневен карантин и вработените беа фокусирани на третман на заболените животни. Како што информираат од ЈП „Лајка“ ситуацијата во моментот е под контрола и по завршувањето на карантинскиот период, продолжено е со редовните работни активности, вклучително и со спроведување на ветеринарни интервенции односно стерилизација и кастрација. Во период од 11 до 31 јануари, за само 20 дена, како што известуваат од прифатилиштето, извршени се рекордни 85 стерилизации и кастрации.
Удел во успешното справување со овој проблем имаат и граѓаните кои во огромен број се одзваа на нашиот повик лично да донесат бездомно куче на хуман третман во прифатилиштето и за тоа сме им неизмерно благодарни. Отворениот повик за било кој граѓанин да донесе бездомно куче на третман сè уште е во тек и ке биде се дури има ваков огромен интерес.. Ги повикуваме сите граѓани да го донесат својот маалски миленик на третман, со цел уште многу успешни месеци во решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња – велат од ЈП „Лајка“.