Карактеристики на жените кои ги одбиваат момците, според хороскопските знаци

девојка

Секој човек има свои предности, но и некои специфични „мушички“ кои може целосно да го уништат впечатокот за нив како личности.

Овојпат девојките можат, според хороскопот, да откријат кои нивни карактеристики баш и не им се допаѓаат на претставниците на спротивниот пол.

Се препознавате ли во некои од нив?

ОВЕН

Овните сакаат промени, а со своето нестабилно однесување можат да го разлутат својот потенцијален партнер.

БИК

Сакаат тие да одлучуваат и сè да биде по нивно, а во меѓувреме да „плачат“ дека партнерот не знае да прави компромис за нив.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се зависни од своите мобилни телефони, четуваат и прават селфи-фотки. Токму оваа навика ги одбива и партнерите и пријателите.

РАК

Раковите се родени за врска, а кон своето момче развиваат мајчински однос, па затоа и тие бегаат од нив.

ЛАВ

Жените родени во знакот Лав се грижат партнерот да знае дека е сакан, но тоа на несигурните момци им изгледа застрашувачки.

ДЕВИЦА

Девиците претеруваат со својот перфекционизам и иако некогаш тоа е добро и практично, може и многу да нервира.

ВАГА

Вагите се многу неодлучни и секогаш оставаат другиот да избере, но тоа не секогаш им се допаѓа на момците.

СКОРПИЈА

Жените Скорпии често се непромислени со изборот на зборови, па лесно може да повредат.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците лесно се вљубуваат, но сепак преовладува желбата за слобода. Ова за мажите е навистина збунувачки.

ЈАРЕЦ

Кај нив не постои спонтаност, сè мора да е однапред испланирано и некогаш оваа нивна карактеристика навистина оди по нерви.

ВОДОЛИЈА

Тие се љубопитни и сакаат да испробаат сè, но и да експериментираат и инсистираат на тоа дури и кога нема интерес од другата страна.

РИБИ

Нив тешко можете да ги прочитате, а ситуацијата ја влошува и нивната навика да испраќаат измешани сигнали.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот