Каракачанов: Ќе бидеме добронамерни, но не и глупави – постојат шанси до декември за договор

Нашата поддршка не е безусловна, истакна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на сослушувањето пред бугарските пратеници за ветото за преговарачката рамка за Македонија. Тој вели дека бугарските дипломати секогаш нагласувале дека постојат јасни услови кои треба да бидат исполнети за да се добие зелено светло за преговарачката рамка.

Разговорите треба да продолжат. Јас верувам дека половината од присутните пратеници имате роднини од таа страна на границата. Ние треба да продолжиме да бидеме добронамерни, но не и наивни и глупави, вели Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер истакна дека покрај прашањето за претензиите за македонско малцинство, блокадата е и поради говорот на омраза.

– Под ставање крај на говорот на омраза подразбираме промени во образованието, омразата во медиумите и на плочите на спомениците, односно да не се фалсификува историјата. Зошто да нема рехабилитација во општеството поради оние лица што по 44-та година беа прогонувани и убивани, како и обесштетување на нивните семејства, потенцира Каракачанов.

Според него теоретски можности за зелено светло во декември постојат, но засега нема договорена ниту една средба меѓу двете земји.

– Сега се е во рацете на Скопје. Ако сакаат да прекинат со фалсификувањето на историјата шансата за отпочнување преговори им е многу веројатна, заклучи Каракачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот