Каракачанов го критикува Борисов поради неговиот став пред премиерот Заев

Красимир Каракачанов / Фото: Скриншот

Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов го критикуваше поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во врска со „остриот пресврт” во неговиот став кон Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Каракачанов, по тоа прашање требало да има единствен став и тој треба да биде национално одговорен. Ова го коментираше за БТВ лидерот на ВМРО и поранешен министер за одбрана на Бугарија во Владата на Борисов, Красимир Каракачанов.

За време на посетата на Софија оваа недела, македонскиот премиер Зоран Заев најпрво се состана со поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој ја префрли одговорноста за започнување на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ на привремената Влада.

Според лидерот на ВМРО, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев бил свесен дека нема да постигне ништо со оваа посета на Бугарија, а неговата цел е да им покаже на другите земји од ЕУ дека Северна Македонија е конструктивна земја, а Бугарија не е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот