Канада повеќе нема да им дава безбедносни услуги на принцот Хари и Меган Маркл

Profimedia

Кралската канадска полиција и помагаше на лондонската Метрополитен полиција во врска со обезбедувањето на војводата и војводката од Сасекс повремено од ноември кога тие го почнаа шестнеделниот одмор во Канада.

Канада веќе нема да дава безбедносни услуги на британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската Влада, откако двојката се откажа од улогата на високи членови на британското кралско семејство.

„Бидејќи војводата и војвотката во моментов имаат статус на меѓународно заштитени лица, Канада има обврска да им пружи помош во обезбедување по потреба. Помошта ќе престане во наредните недели, во согласност со промената на нивниот статус”, се вели во соопштението на канадската Влада.

Кралската канадска полиција и помагаше на лондонската Метрополитен полиција во врска со обезбедувањето на војводата и војводката од Сасекс повремено од ноември кога тие го почнаа шестнеделниот одмор во Канада, се наведува во соопштението на федералната канцеларија на министерот за јавна безбедност.

Меѓутоа, откако Хари и Меган не се сметаат за високи членови на британското кралско семејство, тие натаму нема да добиваат обезбедување платено со јавни пари, кое се проценува дека чини повеќе милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот