Канада ја суспендира употребата на вакцината на АстраЗенека за помлади од 55 години

АстраЗенека / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Здравствените власти во Канада предложија вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека да не ја примаат лицата под 55 години и побараа нова анализа за придобивките и ризиците по возраст и пол.

Во Канада се доставени 307.000 дози вакцини на АстраЗенека и не се регистрирани појави на тромбози како во ретките случаи во Европа.

Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација истакна дека од моментално достапните податоци, постои значителна неизвесност за придобивките од вакцината на АстраЗенека кај лица под 55-годишна возраст.

– Досега 40 отсто од луѓето кај кои се појавиле тромбози починале, а тој процент може да се намали кога ќе се идентификуваат и третираат повеќе вакви случаи, соопшти Советот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот