Камерни состави ќе настапат на концертот „Филхармонија за Филхармонија“

Петтиот концерт „Филхармонија за Филхармонија“ од серијата камерни настапи на музичарите од оркестарот на Филхармонија ќе се одржи на 26 мај, со почеток во 20 часот.

На програмата се дела од Бородин, Рота, Шостакович, Бах, Игудесман, Феранте, Бетовен и традиционална клецмер музика.

На концертот ќе настапат Гудачки квартет „Lumos“ (Љубица Делева Поповска – виолина, Ѓорѓина Ивановска – виолина, Александар Лаовски – виола и Љупка Каевиќ – виолончело), Енис Аљи (виолончело) и Александра Чуруковска (контрабас), Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова – Христов (пијано), дуото виолини Анна Кондратенко и Бојан Илкоски, Камерниот ансамбл „Консонанс“ (Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Игор Бакревски – кларинет, Љупчо Чедомирски – кларинет и Сашко Темелковски – бас кларинет) и квартетот „Филхармонија“ (Анна Кондратенко – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Бојан Талески – виола и Марија Михајловска – виолончело).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот