Камала Харис позитивна на ковид, не била во контакт со Бајден

Американската потпретседателка Камала Харис / Фото: EPA-EFE

Потпретседателката Камала Харис се тестираше позитивно на ковид-19, соопштија денеска од Белата куќа.

Харис нема симптоми од вирусот и ќе остане во домашна изолација.

-Таа не беше во близок контакт со претседателот или со Првата дама поради нивните скорешни распореди со патувања, изјавија од Белата куќа.

Се соопштува дека Харис го следи препораките на ЦДЦ и на нејзините лекари и дека ќе се врати во Белата куќа откако тестот ќе покаже негативно.

Дијагнозата доаѓа неколку недели откако сопругот на Харис, Вториот господин на САД, Даг Емхоф, се тестираше позитивно.

Претходно, по традиционална свечена вечера на кој се сретнаа повеќе демократски лидери, позитивно се тестираше и генералниот обвинител Мерик Гарланд, како и лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Адам Шиф. На вечерата присуствал и секретарот за комуникација на Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот