Камала Харис и Марк Закерберг меѓу личностите кои добија забрана за влез во Русија

Колаж на СП/ ЕПА

Русија попладнево го прошири списокот лица на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите воведени од Западот.

На листата лица на кои им е заранет влез во Русија сега се најдоа и потпретседателката на САД, Камала Харис, основачот на „Фејсбук” Марк Закерберг и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Џон Кирби/ Фото ЕПА

На ажурираната листа се додадени вкупно 29 американски функционери и новинари.

„На овие лица им е забранет влезот во Руската Федерација на неодредено време” соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Минатиот месец забрана за влез во Русија му беше изречена и на американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден не ја има посетено Русија од 2011 година, кога беше потпретседател на Барак Обама. Неговото патување во Москва вклучуваше разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Во март забрани за влез во Русија им беа изрешени и на државниот секретар Антони Блинкен, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, секретарот за одбрана Лојд Остин и советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот