Какво понижување за Португалецот: Веднаш би го избркал Роналдо, Јувентус мора на ремонт

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Кобили Џиџи ја советуваше актуелната управа на клубот да се ослободи од Кристијано Роналдо што побрзо.
Кристијано Роналдо и на 36 години продолжува да ги тресе мрежите, на Порртугалецот му недостасуваат осум голови за да дојде до бројката од 100 во дресот на Јувентус, но тоа не е доволно за „старата дама“. Јувентус втора година по ред е елиминиран во осминафиналето од ЛШ и поради тоа управата планира ремонт на екипата бидејќи експериментот со Роналдо не успеа.
– Дали ангажирањето на Кристијано Роналдо беше грешка? Апсолутно да – изјави поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи за Радио Пуно Нуово.

Тој смета дека има респект за се што направил Роналдо во кариерата, но едноставно смета оти Португалецот претставува голем трошок за Јувентус.
– Тоа го реков уште на почетокот. Имам голем респект кон вистинскиот шампион, но тој е прескап. Јувентус мора да донесе одлука дали ќе го продаде или не, но треба да се каже дека тој ја чини екипата речиси милион евра по постигнат гол. Претседателот Ањели можеби е самокритичен, но нема поддршка. Јувентус мора да направи ремонт на екипата и затоа би му дал отказ на Роналдо, но и на Паратичи – вели Коболи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот