Каква шлаканица за Пеп и „граѓаните“, Лестер им пукна петарда среде Манчестер
Пеп Гвардиола и Манчестер сити доживеаја вистински дебакл во нивното прво големо дерби во Премиер лигата, Лестер на „Етихад“ стадионот славеше со дури 2:5.
Во дербито на третото коло, Лестер среде Манчестер буквално ги уништи „граѓаните“ постигнувајќи им пет гола, а до триумфот дојдоа со пресврт.
Гол шоуто на „Етихад“ стадионот го отвори Ријад Марез во четвртата минута, но потоа на сцена стапи одличниот Џејми Варди кој постигна хет-трик. Англискиот репрезентативец прво во 37. минута од пенал израмни на 1:1, а во второто полувреме за четири минути даде уште два гола. Прво во 54. минута носи водство на Лестер, а во 58. минута повторно од пенал зголемува на 1:3. Џејмс Медисон во 77. минута со прекрасен гол од удар од 20-тина метри зголеми на 1:4 и ги обезбеди бодовите.
Новото засилување за Манчестер, Нејтан Аке во 84. минута намали на 2:4, но Јури Тилеманс во 88. минута стави точка на импресивната победа на Лестер.
Тотенхем на неверојатн начин остана без победата во натпреварот против Њукасл, прими гол во 97. минута и тоа по интервенција на ВАР собата. Имено, во петтата минута од продолжението топката по ударот со глава на Керол се одби во раката на Даер, а судијата Бенкс по прегледување на снимката одлучи да досуди пенал кој Калум Вилсон го реализираше и го спаси Њукалс од пораз. Претходно во првото полувреме, Лукас Моура му донесе предност на Тотенхем.