Како тоа фудбалерите се уредно потстрижени ако салоните не работат еден месец

Фото: EPA-EFE/LARS BARON / POOL

На повидок е скандал во Германија.

Здружението на германски фризери му упати отворено писмо на претседателот на Фудбалската федерација на Германија притоа прашувајќи „Како тоа играчите во Бундеслигата излегуваат на терените уредно потстрижени кога фризерските салони се затворени од 16. декември“.

Случајот со барањето на фризерите не би бил толку интересен доколку на ТВ екраните не се гледаат фризурите на најпопуларните играчи како Џејдон Санчо, Роберт Левандовски, Ерлинг Халанд и останатите.

„Со големо запрепастување моравме да гледаме претходните денови дека поголем дел од професионалните фудбалери се појавија на терените уредно потстрижени, избричени. Ваквите фризури можат да ги направат само професионални фризери со професионална опрема. Фудбалските ѕвезди со новите фризури ја ставаат нашата индустрија под голем притисок. Многу фризери се загрозени, вработените и сопствениците на фризерските салони се соочуваат со финански проблеми и немаат никакви приходи бидејќи од 16. декември државата е во локдаун“, пишува во писмото на германските фризери.

Според „Билд“, околу 80.000 фризерски салони во Германија се затворени од 16. декември 2020 година и доколку се докаже фризерите ги прекршиле наредбите од властите се соочуваат со големи казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот