КАКО РЕЗУЛТАТ ОД РАЗМЕНАТА НА РАКЕТЕН ОГАН: 23 жртви во израелските напади во Сирија

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека 23 лица се убиени во израелските воздушни напади во Сирија.

Опсерваторијата, која е опозициска активистичка група со седиште во Велика Британија, наведува дека меѓу жртвите има 15 лица кои не се Сиријци, а некои од нив се Иранци.

Шефот на опсерваторијата, Рами Абдурахман, рече дека меѓу загинатите има двајца цивили, како и петмина сириски војници.

Според него, цел на израелските напади биле магацини за оружје во предградието на Дамаск кои припаѓаат на иранските елитни сили Кудс.

Абдурахман додаде дека, меѓу другото, гаѓана е и воздушна база во западниот дел на Дамаск, каде што биле стационирани единици за противвоздушна одбрана.

Израелската војска соопшти дека извршила „обемен напад” против ирански цели во Сирија, по ракетен напад врз Голанската Висорамнина која е под контрола на Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот