Како кралицата Елизабета II го прослави роденденот (ФОТО)

Profimedia

Британската кралица Елизабeта Втора вчера и официјално го прослави својот 93. роденден присуствувајќи на традиционалната годишна парада која првпат е одржана во 18 век.

Profimedia

Кралицата е родена на 21 април и тогаш роденденот го прославува во кругот на семејството, но секоја втора сабота во јуни нејзиниот роденден се слави и официјално.

Во чест на кралицата на улиците на Лондон се одржува парада во која учествуваат 1400 војници, 400 музичари и 200 коњи.

Profimedia

На парадата во Вајтхол на кралицата и се придружиле скоро сите членови од нејзиното потесно семејство и илјадници граѓани. Меѓу членовите од семејството биле принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војвотката и војводата од Кембриџ и војвотката и војводата од Сасекс.

Profimedia

Членовите од кралското семејство од терасата на Багингемската палата заедно го погледнале прелетувањето на авионите на Кралските воздушни сили.

Првпат по раѓањето на синот Арчи во јавност се појави војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Војвотката на службената прослава дошла во придружба на сопругот, принцот Xари, но нивниoт првороден син не бил со нив.

Profimedia

За првпат „службен ангажман“ имал и пронцот Луи, кој заедно со сестрата Шарлот и братот Џорџ, мавтале во правец на авионите и хеликоптерите.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот