Како да избегнете „топење“ на вашата шминка од жештината – Слободен печат
ЕспресоЖенаМагазинУбавина

Како да избегнете „топење“ на вашата шминка од жештината

Не морате да го прескокнувате шминкањето во летото поради тоа што мислите дека од топлото вашата шминка ќе се стопи.

Пред нас се уште многу жешки летни денови, а еве како да избегнете вашата шминка да се стопи од топлото време.

Прочитајте ги следните совети и вашата шминка ќе биде во ред:

Ставете камена пудра врз очните капаци со цел да избегнете пресликување на шминката на горниот дел.

Користете водоотпорни производи, бидејќи и потта е вода, па така таа нема да има моќ да ја уништи вашата шминка.

Хидрирајте ја кожата редовно. Хидратацијата е исклучително важна за свеж изглед, избегнете ги хидратантните производи на база на масло со цел да спречите дополнително замастување.

Користете спреј за фиксирање на шминката. Овие спрееви се направени токму за тоа, за подолго да ја држат шминката на лицето, така што креираат заштитна бариера на кожата. Постојат различни производи од овој тип, па изберете го оној кој највеќе ви одговара.

Користете прајмер, тој ќе ви помогне вашата шминка да остане недопрена на кожата.

Шминкајте се минимално. Колку помалку шминка нанесете толку помали се шансите работите да тргнат наопаку. Тешките пудри заменете ги со тонирачки креми, со цел да изгледате поприродно кога надвор е многу топло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close