Каевски: Верувам дека до крајот на годината ќе се утврдат датумите за претседателските и парламентарните избори

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ/Фото: Скриншот

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски очекува на координација во текот на следната недела во Собранието да се отвори прашањето во однос на работните групи за утврдување на датумот на претседателските и парламентарните избори.

Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а потоа во утврдениот законски рок, редовните парламентарни. Во делот на работните групи, очекувам на координација во текот на следната недела со сите координатори на политичките партии што се застапени во Собранието, да се отвори ова прашање и секако, ние како политичка партија, сме подготвени и ќе номинираме член за утврдување на точниот датум за одржуваме и на претседателските и на парламентарните редовни избори, согласно законите, рече денеска Каевски, на новинарско прашање.

Тој смета дека до Нова година има соодветно време да се формираат работните групи, потоа низ работа да се уврдат точните датуми за одржување на претседателските и редовните парламентарни избори што, потенцираше, верува дека ќе се случи до крајот на оваа година.

Во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, портпаролот на СДСМ рече дека „ги потврдил фактите дека ВМРО-ДПМНЕ се кочничари на европскиот пат и на реформите“.

Јасно се наведува дека ДПМНЕ активно ја блокираше работата на Собранието, што беше значајна пречка за работата на Собранието. И покрај опструкциите на опозицијата државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Блокадите и опструкциите на Мицксои и ДПМНЕ мора да бидат поразени и јас сум убеде дека на следните избори ќе бидат поразени, тоа е за сите граѓани и за напредокот и иднинатата на нашата држава, наведе Каевски, кој одржа прес-конференција работата на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот