„Каде исчезна Марс?“: Црвената планета е „невидлива“ од неодамна

Фото: Profimedia

Земјиниот „сосед“ Марс од саботата е невидлив на ноќното небо поради соларната конјункција, а овој феномен на неколку дена целосно ќе ја прекине комуникацијата што вселенските агенции ја имаат со нивните ровери на Црвената планета.

Во просек, на секои 25 месеци Сонцето се поставува како пречка меѓу Марс и Земјата, а овој пат ќе ја блокира комуникацијата меѓу планетите до почетокот на декември.

Соларната конјункција влијае и на работата на експертите од НАСА, кои мораа однапред да им доделат инструкции на своите ровери, за да не направат предолга пауза во периодот на прекин на комуникацијата.

„Невозможно е да се предвиди какви информации може да се изгубат поради пречки од наелектризираните честички од Сонцето, а таа изгубена информација потенцијално може да го загрози функционирањето на вселенското летало. Затоа, пред сончевата спојка, инженерите испраќаат инструкции за две недели и чекаат“, велат од НАСА, а пренесува „Саенс алерт“.

За време на периодот на конјункција е тешко, а понекогаш и невозможно е да се разменат информации, како меѓу орбитите на Марс, така и меѓу роверите на површинските и копнените станици, бидејќи сончевата корона, или поретко – дискот на Сонцето, пречи во радио-комуникацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот