Јувентус потврди: Се откажува од Суперлигата, Барселона и Реал Мадрид остануваат сами

Фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Како и што беше најавено, Јувентус започнал постапка на откажување од Суперлигата.

„Старата дама“ испратила писмо до Реал Мадрид и Барселона и официјално им ја соопштила својата намера, според потпишаните договори од претходно шпанските гиганти треба да дадат своја согласност.

Одлуката на Јувентус не може да се каже дека е неочекувана. УЕФА претходно ја прифати спогодбата италијанскиот тим сезонава да не игра во Конференциската лига и да ја одработи едногодишната суспензија. Јувентус ќе потсетиме, беше обвине за трансфер малверзации и беше казнет со одземени десет бода во Серија А.

Така, сега Реал Мадрид и Барселона остануваат сами во проектот од кој не се откажуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот