Јувентус не ја дава титулата во Серија А, одржува социјална дистанца со Лацио (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Актуелниот шампион Јувентус ја задржа предноста од четири бода во однос на Лацио и по 29. коло од Серија А.

„Старата дама“ со 1:3 славеше на гостувањето кај Џенова за која капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, кој во игра влезе во 78. минута.

Јувентус сите дилеми околу победата ги реши на стартот од второто полувреме, прво Пауло Дибала во 50. минута донесе предност од 0:1, а седум минути подоцна Кристијано Роналдо ја зголеми предноста. Во 73. минута Даглас Кошта зголеми на 0:3, а Џенова успеа преку Пинамонти само да постигне почесен погодок.


Претходно Лацио со пресврт успеа да совлада Торино со 1:2.
Најдобриот играч на Торино, Андреа Белоти уште во петтата минута му донесе предност на својот тим, но Лацио на втор натпревар едноподруго прави пресврт во второто полувреме. Чиро Имобиле и Марко Пароло ги дадоа головите за Лацио кој остана зад Јувентус на минус четири бода во трката за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот