Јувентус или Интер, кој во финалето на италијанскиот Куп?

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Актуелниот шампион Јуве славеше во првиот натпревар на „Џузепе Меаца“ од полуфиналето во Купот на Италија против Интер со 1:2.

„Старата дама“ дојде до триумфот во Милано благодарение на двата гола на португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо.

Повторно ќе бидат насочени погледите кон петкратниот најдобар фудбалер на светот, но и на спротивната страна кон Ромелу Лукаку.

Заврши суспензијата на Белгиецот кој ќе се обиде во нападот заедно со Лаутаро Мартинез да му помогне на својот клуб да стигне до финалето во куп натпреварувањето.

Лукаку никогаш не реализирал гол против Јувентус во кариерата, за разлика од Роналдо кој четирипати го „матираше“ Интер од девет натпревари, но никогаш во Торино.

Новата битка помеѓу Јуве и Интер може да се дефинира и како лична помеѓу Роналдо и Лукаку, стрелци на 30 голови во Серија А оваа сезона, Португалецот постигна 16.

Дербито е вечерва од 20.45 часот, а победникот ќе игра со подобриот од пресметката Аталанта-Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Првиот меч во Неапол заврши без голови, а реваншот е в среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот