Јувентус е под истрага поради Луис Суарез!

Фото: Твитер

Италијанскиот шампион е под истрага поради тестот за добивање на италијанско државјанство кој Луис Суарез го полагаше во септември оваа година.

Шефот на полицијата Селваџо Сари за време на првичната истрага изјави дека Јувентус не е проблем во целата приказна, но тоа сега се смени.

Да потсетиме, Суарез „договори“ трансфер во Јувентус од Барселона, но како Уругваец и човек кој не беше роден во една од земјите на Европската унија, Суарез мораше да полага тест за италијанско државјанство. Покрената е истрага под сомнение дека тој добил одговори пред тестот.

Суарез го положи испитот, но „Старата дама“ се откажа од трансферот бидејќи постапката за добивање пасош трае половина година, па Суарез не може да биде регистриран во Лигата на шампионите.

Уругвајскиот напаѓач потоа замина во Атлетико Мадрид каде веќе постигна пет гола на девет настапи сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот