„Ју-Ес-Еј Тудеј“ јавно го поддржа Џо Бајден за претседател на САД: Не гласајте за Трамп, не е соодветен за позицијата

Фото: EPA-EFE/DNCC

Американскиот весник „Ју-Ес-Еј Тудеј“, по првпат од 1982 година, одлучи директно да застане зад кандидат за претседател на САД и денеска објави дека јавно го поддржуваат демократот Џо Бајден.

Во текстот потпишан од одборот на уредници, читателите на весникот беа повикани да не гласаат за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, оценувајќи дека тој не е соодветен за таа позиција бидејќи, како што се наведува, му недостасува темперамент, знаење, упорност и искреност „што им се потребни на САД од нејзините претседатели”.

Како што оценија, за разлика од Трамп, Бајден и нуди на нацијата смиреност и компетентност.

Колегиумот на весникот нагласи дека тоа тело се состои од идеолошки и демографски различни групи на новинари, кои ја прекршиле долгата традиција и зазеле страна во трката за претседател, по првпат од основањето на весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот