ЈП „Паркови и зеленило“: Се отстрануваат дрвја кои се суви и претставуваат опасност за посетителите на Градскиот парк

epa07102184 People enjoy a sunny autumn day in the city park in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 18 October 2018. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се за опасност за посетителите на паркот.

ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека се врши акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк, откако беше објавено видеозапис дека екипите на претпријатието сечат здрави дрвја во паркот.

-Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се за опасност за посетителите на паркот. Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација, се вели во соопштението од ЈП „Паркови и зеленило“.

Од претпријатието најавија дека акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела.

ВИДЕО: Без најава утрово се сечеа дрва во Градскиот парк во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот